Томас Маркл Џуниор не престанува јавно да ја бламира својата полусестра, идната принцеза Меган Маркл.
По многуте јавни обвинувања насочени кон неа, последно е отвореното писмо кон идниот зет, принцот Хари.
– Како што минува времето, појасно е дека ова е една од најголемите грешки во историјата на кралството. Меган не е жената за тебе – вака почнува отвореното писмо на Томас Маркл Џуниор адресирано до Кенсингтонската палата.
Не можам да верувам дека не ја гледаш Меган онака како што ја гледа целиот свет. Таа е глумица од трета категорија која ги губи улогите, бидејќи старее и сега сака да стане принцеза – пишува во продолжение 51-годишниот полубрат и додава дека татко им западнал во големи долгови, бидејќи се обидел на ќерка му да ѝ обезбеди актерска кариера.
Поради лошите односи, поголемиот дел од семејството на Меган не е покането на кралската венчавка, која ќе се одржи на 19 мај, во дворецот Виндзор.