Состојки:
500 г мешано мелено месо
2 главици кромид
70 г рендан кашкавал
150 мл кечап
30 г тортиља чипс
1 лажица сенф
1 чешне лук, ситно исечкан или истолчен
бибер
Подготовка:
Измешајте ги меленото месо, ситно сечканиот кромид, кечапот, издробениот чипс, сенфот, лукот и биберот.
Смесата добро измесете ја и од неа направете четири плескавици. Печете ги плескавиците од секоја страна на скара 10-12 минути.
Сервирајте ги, по желба, со тортиља чипс и со кечап.