Мел Би призна дека била жртва на семејно насилство

Мел Би конечно призна дека нејзиниот брак со Стефан Белафонте бил многу насилен, исполнет со неверства и психичко малтретирање.

Екс спајсица на суд дала неколку скандалозни изјави во кои тврди дека била жртва на насилство, а воедно и принудена да има секс во тројка.

Според зборовите на пејачката однесување на Белафонте било мошне агресивно – ја удирал, ја давел и ја буткал на подот, а фотографиите на кои се гледаат физичките потврди само го потврдуваат тоа.

Таа беше во брак со Белафонте 10 години, а барањето за развод го поднесе минатиот месец.

Во 2012-та непосредно пред еден јавен настан, Белафонте наводно и ја распукал устата со објаснување дека требало да мисли што прави, пред да флертува со Ашер.

Мел Би и Ашер претходно снимија мало видео за потребите на шоуто „X Factor“, што мошне го налутило љубоморниот Белфонте.

И додека таа го обвинува за малтретирање, тој повторно негира дека направил нешто.

„Не сум ги слушнал тие претпоставки. Знаете што мислам јас за сето ова…Дали ова е мајката на моите деца? Многу размислувам на тоа како сето ова ќе влијае врз нашите деца како и на фактот до каде е способна да оди. Тоа имам да го кажам. Шокиран сум од нејзиното однесување“, вели Стефан.