Најновиот филм чиј режисер е Мел Гибсон беше номиниран за Оскар во шест категории, меѓу кои и за Најдобар филм, па очекувано успешниот актер и режисер беше меѓу бројните холивудски ѕвезди на свечената манифестација во Беверли Хилс.
61-годишниот актер зачекори на црвениот тепих заедно со 26-годишната девојка Росалинд Рос, која само пред еден месец го донесе на свет неговото деветто дете.
Росалинд го роди синчето Ларс на 20 јануари, а веќе се врати во одлична форма.
Гибсон има уште осум деца од претходните врски, шест сина и една ќерка од бракот со Робин Мур и 7-годишна ќерка со Русинката Оксана Григориева.