Мерил Стрип со нов рекорд: 20 номинации за Оскар

Холивудската актерка Мерли Стрип по 20-ти пат е номинирана за Оскар, со што го собори рекордот за бројот на номинации за златната статуетка.

Стрип е номинирана во категоријата за најдобра главна женска улога за филмот „Флоренс Фостер Џенкинс“, во кој игра њујоршка богаташка која станува оперска пејачка, иако не умее да пее.

Мерил Стрип

Актерката до сега 16 пати е номинирана за најдобра главна женска улога и четири пати за најдобра споредна женска улога, а според бројот на номинации ги остави зад себе Кетрин Хепберн и Џек Николсон, кои се номинирани по 12 пати.

Мерил Стрип за прв пат за Оскар беше номинирана во 1979 година, а има освоено три златни статуетки за филмовите: „Крамер против Крамер“, „Изборот на Софија“ и „Челичната леди“.

Мерил Стрип