Оскаровците Том Хенкс и Мерил Стрип ќе работат заедно со режисерот Стивен Спилберг на криминалистичката драма “Д пост”, напишана врз основа на вистински случај.
Филмот ќе се фокусира на улогата на американскиот весник “Вашингтон пост” при откривањето на скандалозните документи поврзани со улогата на Америка во Војната во Виентнам.
Том Хенкс ќе се појави како главниот уредник Бен Брадли, а Стрип – како издавачката Кеј Греам.
“Документите на Пентагон” го предизвикуваат еден од најголемите скандали во модерната историја на САД.
За време на претседателствувањето на Никсон, медиумите шират дел од таен извештај составен во 1967 година по наредба на министерот за одбрана Роберт Мекнамара од Владата на Линдон Џонсон.
Извештајот содржи 7 илјади страници и вклучува информации за сериозното мешање од страна на САД во војната, за намерно задржување, манипулирање и искривување на факти.