Неколку месеци пред да почине актерката Мерилин Монро била во огомни долгови.
Ова го докажува увидот во личната нејзина чек книшка, која во моментов се продава на аукција од аукциската куќа “Џулиенс Аукшнс”.
Според содржината на книшката, убавицата го надминала кредитот со близу 1.000 долари на крајот на декември 1961 година, 8 месеци пред да почине.
Во меѓувреме станува јасно дека Монро трошела главно за козметика, облека на “Аберкромби и Фич”, апчиња и комунални сметки, но и покрај тоа таа издвојува значителен дел и за добротворни цели и умее многу строго да ги следи приходите и трошоците.
По нејзината смрт чек книшката е доверена на човекот кој ја учи на глума, Ли Страсберг, а од неодамна таа е во сопственост на анонимен колекционер и се очекува нејзината цена да достигне над 7.000 фунти.
Сподели