Холивудскиот пар Мила Кунис и Ештон Катчер го добија своето второ дете, а веста беше потврдена и на нивната веб страна, каде беше објавено и името на момчето, Димитри Портвуд Катчер.
Претходно се пишуваше за имињата кои ги предложувал Ештон, но Мила постојано ги одбивала, па сега конечната одлука сепак е малку “понормална” од вообичаените имиња кои славните им ги даваат на своите деца.
“Сакаме да им овозможиме на нашите деца сами да донесат одлука дали ќе сакаат да живеат пред очите на јавноста или не. Нема да го направиме ние тој избор за нив”, изјави Катчер неодамна.