Ештон Качер и Деми Мур се разделија пред пет години, но актерката упорно одбива да излезе од животот на поранешното момче.
Мила Кунис сепак воопшто не е задоволна од овој факт и иако до неодамна покажуваше толеранција кон чувствата на Мур, одлучи конечно да стави крај.
Повод за најновиот скандал меѓу актерките било раѓањето на синот на Мила и Ештон.
“Деми се обидува да се меша повторно во животот на Ештон и Мила по раѓањето на нивниот син. Таа му купи подароци на бебето и почна да ѝ дава совети на Мила како да си го гледа бебето. Таа сепак ја избрка надвор и ја отсече. Побарала да ја остави на мира. Деми немала момче, па Мила ја смета за исклучително смешна идејата да ја советува како се гледа син “,изјавил извор близок до парот.