Миленикот на женската популација: Саша Ковачевиќ изненади со нова песна (видео)

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ денеска полни 31 година. Токму на својот роденден тој ги почести своите фанови со новиот видеозапис за песната „Температура“.

Овој спот не се одвојува од низата филмски спотови со кои во последно време се појавуваат од миленикот на женската популација. Овој пат Саша отпатува во Куба, така што на овој спот ќе видите луксузни сцени и атрактивна Кубанка, од која згодниот Саша не можеше да го тргне погледот.

Еве го новиот хит: