Мини пици или питички

Состојки:

2 дл јогурт
1 дл масло
2 лажици крем сирење
1 лажичка сол
1 прашок за пециво
400 гр брашно

Подготовка:

Од сите состојки се меси меко тесто и се остава да отстои 15-ина минути.
Рерната се загрева на 200°С и се подготвува филот.
За филот можете да бирате дали ќе ставите сечкан праз и спанаќ (кратко запржени на масло) или ќе ставите салама, кашкавал, сирење, кечап, сечкани печурки.
Тестото се става на подлога посипана со брашно и со сукало се развлекува до дебелина од ½ цм. Со чаша се вадат кругови, се редат на плех обложен со хартија за печење. Во секој круг со прсти нежно се прави вдлабнатина и во неа се става филот. Се печат околу 10 мин.
Дозата е за 24 парчиња.
Мини пиците се погодни за доручек, вечера, за родендени и како послужување на славите кои ги има доста во периодот што следи. (ако не се посни)

Мини пици