Состојки за 4 лица:
500 г. мелено месо
100 г. варена пченка
3 големи тортиљи
200 г. рендан кашкавал
1 дл. павлака
2 лажици сецкан магдонос
пола лажичка ким
пола лажичка мајчина душичка
4 лажици масло
сол и бибер.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.Во тавче загрејте масло на средна температура, додадете мелено месо, ким, мајчина душичка и бибер и издинстајте го месото. Потоа измешајте ја варената пченка и посолете по желба. Вишокот од масло исцедете го. На секоја тортиља исцртајте 4 големи кругови со дијаметар од 10 см. и потоа внимателно сечете. Распоредете ги парчињата на решетката за скара и печете 7-8 минути додека не заруменат. Печените тортиљи наполнете ги со рендан кашкавал и месото. Зачинете со павлака и сецкан магдонос и посолете. Наместо месо, можете да пробате и со свежи печурки