Мирослав Илиќ ќе заврши во затвор поради синот!?

Поранешната љубовница на Мирослав Илиќ, Мирјана Антоновиќ со која тој го има синот Девин, му подготвува хаос на пејачот.

Мирослав веќе некое време не сака да го признае Девин, па поради тоа тие на 5-ти септември ќе се појават на суд поради докажување на татковството.

Имено судот во Србија не го зема предвид примерокот ДНК кој Мирјана го зема кришум од Мирослав, со кој во Америка докажа дека станува збор за биолошки татко на нејзиниот син.

мирослав илиќ со екс девојката

„Тој само може да го одолговлекува судењето, што и претпоставувам дека ќе го прави, но сепак на крајот ќе мора да се појави на суд. Само доброволната анализа на ДНК може да ја одбие, што тој и стори, но повикот на судење не може да го одбие. Ако не се појави на судот, ќе мора да биде приведен. Девин особено го погоди тоа што Миролсав одби да се види со него и да поразговараат. Упорно одбива било какви средби. Затоа Девин одлучи на крајот судски да докаже кој му е татко. До сето ова никогаш немаше да дојде ако Мирослав се сложеше да поразговара со него“, вели Мирјана.

мирослав илиќ со екс девојката