Мирослав Илиќ е во центарот на скандал откако во јавноста се појави информацијате дека пред три децении се обидел да ја силува Лепа Брена.
Иако молчеше, пејачот за српски „Информер“ реши да проговори за скандалот, па изјави:
„Побарајте ја Фахрета, таа нека ви раскаже што се случило.Таа приказна нема врска со вистината. Ние четири години бевме професионален тандем, најпопуларн на Балканот кој сјајно функционираше. Никогаш не сме биле во никаква врска, а зошто сега се пласираат такви приказни, немојте мене да ме прашувате. Молчам и не одговарам на нападите, нејќам да ме вовлекуваат во нивните лаги“.