Помина една година откако Мишел Обама доби мистериозен подарок од Меланија Трамп, на денот на претставувањето на идниот претседател на САД.
И додека сите се прашуваат што имаше во сината кутија, Мишел конечно откри.
„Тоа беше убава рамка за слики“, изјави во емисијата која ја води Елен Деџенерис.
„Постои протокол. Тоа е како државна посета кога ти кажуваат што да направиш. Никогаш досега не се врачуваше подарок во таа прилика, така што размислував што да правам со него“, објасни Мишел Обама.