Мистерија: Како почина Авичи

Тим Берглинг, во јавноста попознат како Авичи во петокот бил пронајден мртов. Неговата продуцентска куќа ја потврди тажната вест но не изнесе никакви детали.
„Со длабока тага објавуваме дека го загубивме Тим Берглинг, познат и како Авичи. Тој беше пронајден мртов во Мускат, Оман ова петочно попладне. Семејството е скршено од тага и ги замолуваме сите да ја почитуваат нивната приватност во овој тежок период“.

Но порталот “TMZ” пренесува дека околностите за смртта на супрстар диџејот се мистериозни.
Имено младиот Авичи престојувал во хотелот “Мускат Хилс” каде неколку дена пред да почине позирал и комуницирал со фанови, за што постојат и докази на социјалните мрежи.
Според “TMZ” , Авичи се одјавил од хотелот некаде кон средина на изминатата недела и не е познато каде престојувал. Неговото име не е заведено во ниту еден друг хотел, па се поставува прашањето со кого и каде бил пред да почине. Наводно во Оман каде и починал, Авичи бил со мала група на негови познаници чии имиња не се познати.
Младиот дицеј имал бројни здравствни проблеми и многу тешко ја поднесувал популарноста која ја стекнал во своите рани дваесетти години.
Често и во големи количини конзумирал алкохол, а бил противник на конзумирање на наркотици.
“Знам дека помеѓу љубителите на електронска музика е доста популарно конзумирањето на опијати, но јас тоа не смеам да си го дозволам. Се плашам дека тоа се ствари кои ти ја одземаат контролата”

Пред две години, не можејки да го поднесе стресот, Авичи престана со настапите и турнеите. Во меѓувреме се влоши и неговата здравствена состојба.Итно е опериран и му е извадена жолчната кеса а според шведските медиуми боледувал и од акутно воспалување на панкреас, состојба предизвикана од прекумерено конзумирање на алкохол. Оваа болест кај потешките случаи има висок процент на смртност.

As Muscat Hills Resort, we have been receiving excessive amount of calls and messages with regards to the unfortunate death of Mr. Tim Bergling, also known as Avicii. Due to privacy reasons, we are unable to provide details with regards to any of our guests’ visit or stay, however, all we can confirm is that Avicii did visit Muscat Hills Resort and throughout his visit he was extremely kind to all our staff and acted like any of our regular guests. Avicii definitely did seem to be in good spirits while enjoying his time and he was also very friendly with everyone. As much as we enjoyed his company here at Muscat Hills Resort, we are extremely sad to hear and read all the recent news and therefore we would like to express our sincere condolences to his family, friends and all his fans. We will be dedicating our coming Beats by the Beach party on 27th April 2018 in memory of Avicii and have our Bay Lights on throughout the night to keep his spirit. Thank you and kind regards, Muscat Hills Resort Management #avicii #rip #youwillbemissed #restinpeace #ripavicii #aviciiforever #djavicii #oman #omannews #aviciifan #aviciithebest

A post shared by Muscat Hills Resort (@muscathillsresort) on