За врската на Бруклин Бекам и Клое Морец се шушка веќе 2 години, а тинејџерите решија со појавување на црвениот тепих истата да ја потврдат.
17 – годишниот Бекам долета во Лос Анџелес за да ја поддржи неговата девојка на премиерата на нејзиниот најнов филм „Neighbors 2“.
На премиерата 19-годишната актерка носеше краток црн фустан, додека нејзинот партнер беше елегантен и носеше црно палто, кошула и фармерки.
Младите љубовници се прегрнувале и разменувале нежни погледи додека им позирале на фотографите.