Младиот колумбиски пејач е причината за разделбата на Шакира и Пике

Откако Шакира пред неколку дена го објави спотот за песната „Chantaje“ кој го сними со Малум, се појавија гласини, дека токму младиот колумбиски пејач е виновен за наводниот прекин на врската на популарната пејачка и Жерар Пике, кои шест години живеат заедно.

Гласините тврдат дека Малум е причината поради која Пике и приредувал љубоморни сцени на Шакира , поради што пејачката и фудбалерот на Барселона, на крајот одлучија да се разделат.