Млечно чоколадо понекогаш, бело ретко, а во црното можете да уживате засекогаш!
Колку чоколадата е здрава зависи од нејзиниот состав, а со оглед на тоа што црната содржи најмногу флавоноиди таа и најмалку дебелее. Белото чоколадо е најлошиот избор, затоа што воопшто не содржи какао.
Чоколадо во умерени количини го штити здравјето на срцето и го поправа расположението, но не сите видови на чоколада се подеднакво добри за здравјето, тврди професорот Андреа Џианколи од американската Академија за прехрана и диететика.
Здравствените приодобивки од чоколадото потекнуваат од нејзиниот извор: зрна какао кои содржат флавоноиди.
Колку е чоколадата здрава зависи првенствено од уделот на какао кој содржи и други карактеристики кои се различни со оглед на начинот на производство.
Чоколадата е смеса која настанува со пржење на плодот од какао, шеќер и ванила, а се верува дека чоколадото го изумиле Ацтеките или Маите.
Млечна чоколада
Со нешто помалку флавоноиди од црната, млечната чоколада не треба да ви биде прв избор, тврди Џианколи. Но, ако тоа е вашатаомилена чоколада, тогаш можеете да го подобрите нејзиното влијание врз здравјето, така што ќе ја одберете онаа која содржи поголем процент на какао, околу 20%. Иседете само еден ред. Добар избор се и млечните чоколади кои содржат бадеми, лешници, брусница или грозје кои ќе ви овозможат дополнителна доза на антиокиданси, соверува Џианколи.
100 грама млечна чоколада во просек содржи:
– 12 грама какао
– 22 грама млеко
– 48 грама шеќер
– 18 грама масло од како
Бело чоколадо
Ова е најмодерната верзија на чоколадо која соджи најмалку нутритивни својства, затоа што не содржи какао туку исклучиво масло од какао. Единствената предност на овој вид е што содржи повеќе калциум од другите, но поради поголемата количина на маснотија и шеќер не треба да се јаде премногу често, вели Џианколи.
100 грама бела чоколада во просек содржи:
– 28 грама масло од какао
– 16 грама млеко во прав
– 46 грама шеќер
Црна чоколада
Овој вид на чоколадо малку е горко, но далеку поздрава верзија затоа што има најголем процент на како. Поради тоа, црната чоколада можете да ја јадете многу повеќе од другите, без да соберете повеќе килограми, вели Џианколо. Сепак, тој предупредува дека треба да ја проверите декларацијата на чоколадото за да се уверите дека какао маслото не е една од состојките која ја има најмногу. Најдобро е да одберете чоколада со повеќе од 70% какао.
100 грама црна чоколада во просек содржи:
– 4 грама масло од какао
– 48 грама какао
– 48 грама шеќер