До неодамна можевме да кажеме дека жените со поголем конфекциски број тешко можеа да изберат костим за капење.
За среќа бројни дизајнери и брендови како никогаш до сега оваа летна сезона се фокусирани на жените со облини, а воедно и голем конфцекциски број.
Ова се бикините кои одговараат на дамите со облини:
Едноставно бикини
Едноставните, класични бикини ги нема во многу величини со оглед на тоа дека бројни брендови се фокусираат на стандардни модели.
Но, доколку не ви се допаѓаат бикини со многу детали, тогаш одберете светли бои и избегнувајте ги додатните украси.
Бикини со врвки
Одредени парчиња со врвци и понатаму се многу популарни, а овој моден тренд се појави и кај костимите за капење.
Бројни брендови нудат модели со врвци на страните или деколтето, но како и да е нема да зажалите доколку се одлучите за овој тип на бикини.
Бикини со проѕирни делови
Ова се бикините по кој полудеа светските ѕвезди, па доколку ви се допаѓаат тие се омилените костими за капење ова лето.
Бикини на едно рамо
Секогаш во тек со модата и премногу популарен, ова е добро познат факт за овие бикини.
Овој детал исто како врвците може да се најде на многу актуелни модели на костими за капење.
Покрај тоа што се популрни, овие бикини визуелно ќе постигнат витка линија.
Бикини со патент
Костимите за капење со патент како додаток, често се сместени во горниот дел на бикинито, не се никаков новитет во светот на костимите за капење.
Но, сепак како и да е светот сеуште е полуден по нив.