Северина викендов имаше настап во Берово пред рекорден број публика, односно 70.000 луѓе.
Беровчани, но и цела Македонија се забавуваа со најголемите хитови на хрватската ѕвезда, а никој не го забележа нејзиниот моден гаф.
За тоа се потрудија колегите новинари од Србија кои денес пишуваат дека Северина во Македонија настапила со скинати хулахопки.
На една од фотографиите на нејзината десна нога се забележува како мрежастата хулахопка е сошиена.
Веруваме дека на концертот никој не го забележа овој детаљ, а Севе изгледаше светски.