„Модерна“ ја повика ЕУ да побрза со потпишување на договорот за нивните вакцини

„Модерна“ ја повика Европската унија да побрза со потпишување на договорот за нивните вакцини. Компанијата, основана во 2010 година, вчера објави дека се покажа оти нејзината вакцина против ковид-19 е ефикасна кај 94,5 проценти од луѓето вакцинирани при клиничките испитувања, слично ефективноста од 90 проценти, е пријавена и од „pfizer“ и „biontech“ за нивната вакцина минатата недела.

„Модерна“ планира да аплицира за вакцината на американскиот пазар „во следните недели“, а САД, по регулаторните проверки и безбедносните потврди, може да имаат две одобрени вакцини и 60 милиони дози за итна дистрибуција во декември заедно со „Фајзер“.

Во меѓувреме, Модерна потпиша договори Со Канада, Јапонија, Израел, Катар, Велика Британија, не сметајќи ги 100-те милиони дози ветени на Соединетите држави на почетокот на август.

Доколку Европската агенција за лекови ја одобри вакцината пред крајот на годината и не биде потпишан договор, „првите испораки нема да ја вклучат Европа“,

Првите Американци ќе бидат вакцинирани пред нова година.