Меланија и Доналд Трамп се во центарот на вниманието со неколку скандали.
Додека се шпекулира околу негово неверство со порно ѕвезда и се дискутира околу неговите критики на британското здравство, парот не ги прескокнува закажаните јавни појавувања.
Претседателот и Првата дама на САД беа фотографирани пред Белата куќа пред да отпатуваат за Синсинати, Охајо.
За викендот, парот уживаше во ресортот Мар-а-Лаго, каде го проследи Супер Боул.
По повод спортскиот настан, Меланија избра спортска модна комбинација.
Претходно, Меланија и Доналд беа фотографирани на аеродром со синот Барон. Меланија носеше сино-црвена комбинација.