Момчето на покојниот Џорџ Мајкл објави фотографија од погребот

Фотографијата која ја објави Фади Фаваз, екс момчето на покојниот Џорџ Мајк, ги натера сите да мислат дека погребот се одржал.

На социјалните мрежи на полноќ тој сподели фотографија на која се гледа црква, но немаше никаков коментар под истата.

Дали Џорџ Мајкл конечно беше испратен во своето вечно почивалиште, останува наскоро да дознаеме.

Неговото семејство не ја откриваше датата на погребот бидејќи сакаа да го погребаат во кругот на семејството без папараци, новинари и фанови.