Мора да и плати 153 000 евра на поранешната сопруга за домаќинските работи

Суд во Аргентина донесе одлука, споругот на поранешната сопруга да и исплати 153 000 евра за извршување на домаќински работи.

Станува збор за 60 – годишна жена , дипломиран економист која не била вработена , бидејќи се посветила на одгледувањето на децата и на домаќинството.

,, Економската зависност на жените од сопругот е еден од главните механизми со кои жените се држат во потчинета позиција во општеството.” , ја објасни својата одлука судијката Викторија Фама.

Според неа , станува збор за разумна сума , со која би требало да се создаде рамнотежа меѓу мажот и жената.