Војводата и војвотката од Сусекс во неделата пристигнаа во Нов Зеланд.
Нивната двонеделна турнеја ќе заврши во четврток и кралскиот пар ќе се врати во Англија.
Освен тековните активности, медиумите будно ги следат и модните изданија на Меган. Бившата актерка овојпат блесна во најефтиниот фустан кој досега го облекла.
И очекувано, ова парче облека се распродаде со брзина на светлината.
Меган одбрала црн фустан со труднички крој од брендоТ ASOS, кој чини околу 50 евра. Црната комбинација ја надополнила со капут од брендот Karen Walker.