Советот на градот Утрехт во Холандија, донел одлука за засадување цвеќе на покривите на 316 автобуски станици.
Намерата е, да им се помогне на пчелите и на бумбарите, но и да се искористи дождот, а овие билки помагаат и во собирање на прашината.
За покривите се грижат работници кои се возат во електрични возила, а на автобуските станици се наоѓаат лед светилки и клупи од рециклиран бамбус.
Ова е дел од борбата за почист воздух во Утрехт, а до крајот на годината ќе се воведат и 55 електрични автобуси во јавниот превоз. Струјата што ќе ги придвижува автобусите ќе доаѓа од холандските ветерници, а Утрехт на своите граѓани им понудил и на покривите од своите домови да посадат цвеќе, а трошокот ќе го покрие државата.