Мускулест татко, кој вежба со 3-годишниот син, стана хит на интернет

28-годишниот самохран татко Вејн Скивингтон го напуштил универзитетот и школувањето за да се приклучи во циркус во Лас Вегас, а благодарение на неговите вештини за гимнастика и акробациите кои ги изведува заедно со својот 3-годишен син, преку ноќ стана Инстаграм ѕвезда.

За неколку часа собра над 25.000 следбеници откако сподели видео од него како балансира на две цевки со неговиот син на врат.

Вејн вели: „Да бидеш самохран татко кој дели старателство, плус да издржуваш со две работи и истовремено да имаш лични интереси, како на пример што јас си го правам мојот мебел, значи дека немаш многу слободно време, па мојот син мора секогаш да биде со мене. За среќа, обожава да присуствува на сè што прави тато.“