Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Муслиманските верници насекаде во светот денеска го слават Рамазан Бајрам.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Коранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена, тоа е период на посети, семејни собири и масовни дневни гозби.

Во текот на Рамазанскиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните.

За празникот се испраќаат пораки со солидарност и изрази на морална помош.

На Бајрам се потсетува на сиромашните, децата без родители и на осамените.