Ниту Бијонсе, ниту Дрејк ниту Кање Вест не можат да се пофалат дека продале најмногу копии на албуми во првите пет седмици од објавувањето во 2016 година.
Рекордер е бокс-сетот со музика од Моцарт.
И покрај тоа што албумот „Lemonade“ е еден од оние албуми кои ја одбележаа изминатата година, Бијонсе сепак не е на врвот.
Најдобра продажба немаше ниту албумот на Дрејк „Views“.
Кање Вест и неговото издание „Life of Pablo“ исто така не се искачија на самиот врв.
Кон крајот на октомври, „Universal Music Group“ го објави бокс-сетот „Mozart 225: The New Complete Edition“, а во текот на првите пет седмици албумот беше продаден во 1.25 милиони копии.