На Велимир Бата Живоиновиќ му е ампутирана ногата за да преживее, поради гангрената која во меѓувреме напредувала.
Бата пред неколку дена бил префрлен во болница каде му е извршена операција.
Како што пренесува српски „Ало“, лекарскиот конзилиум бил едногласен во одлуката на легендарниот актер да му го ампутираат болниот дел од ногата, но конечната одлука ја донело семејството.
„Точно е дека Бата е префрлен во КБЦ „Дедиње“ поради напреднатата гангрена, за која ние немаме средства како да ја санираме. Знаеме дека се работеше за операција на нога, и сега веројатно е извршена, но не знаеме во кој облик. Бата во секој случај е во сигурни раце“, вели извор од болницата „Свети Сава“.
Оваа информација ја потврдиле и од КБЦ „Дедиње“, но не со толку добри вести за здравствената состојба на Живоиновиќ.
„Бата е опериран во петокот и ногата му е ампутираната над коленото. Во моментот се наоѓа во шок соба каде е ставен на апарати за дишење. Се уште е рано да зборуваме за било какви прогнози за неговата здравствена состојба“, велат од болницата во која актерот се бори за живот.
Истите вести за здравствената состојба на актерот ги потврдила и неговата ќерка Јелена, додека сопругата Лула не била во состојба да дава изјави за медиумите.