Фејсбук во 15 години од основањето оствари големи чекори кон остварувањето на сонот на Марк Закерберг да го поврзе светот, но притоа направи и големи грешки поради кои некои од неговите поборници се претворија во гласни критичари.
Социјалната мрежа е основана на 4 февруари 2004 година во студентската соба на Закерберг на Харвард и оттогаш оствари незамислив успех привлекувајќи 2,3 милијарди корисници кои платформата ја користат за размена на информации и поврзување на луѓето ширум светот.
Но, платформата е изложена и на критиките дека повеќе е фокусирана на раст отколку на заштита на корисниците.
“Тоа е сега многу моќна компанија која создаде многу привлечен производ кон кој сите станаа многу зависни”, рекол аналитичарот Џош Берноф. “Поради тоа има и голема одговорност”.
Фејсбук минатата година беше дел од низа скандали во врска со заштитата на податоци и кршењето на приватноста на корисниците плашејќи сè дека водечката светска социјална мрежа манипулира со странските интереси за сопствена политичка корист.
“Повеќе не е компанија која е на самиот почеток”
“После низа на предизвици во 2018 година Фејсбук повеќе не го фалат поради иновативност. Сега го критикуваат”, вели аналитичарката на пазарот Дебра Ахо Вилсон. “Фејсбук на 15 години се соочува и со зрелост. Повеќе не е компанија која е самиот почеток”, додаде таа.
Само дигиталниот див Гугл има повеќе приходи од Фејсбук од огласувањата на Интернет. Фејсбук е сопственик на апликациите Инстаграм, Месинџер и WhatsApp од кои секоја има повеќе од милијарди корисници.
Закерберг (34) и понатаму го брани својот бизнис модел и тврди дека Фејсбук не продаваше податоци за своите корисници и дека може да му се верува. Компанијата признава дека мора да направи повеќе за да ја врати довербата на корисниците, па вложи милијарди долари во безбедност и има 30.000 луѓе кои работат само на тоа.
“Кога компанијата ќе стекне голема моќ и тврди дека го прави најдоброто за Вас, тоа значи дека и тоа како треба да ѝ се верува. Тоа го научивме во капитализмот”, вели Берноф.
Тој се сомнева дека луѓето ќе му го завртат грбот на Фејсбук поради нарушена доверба и објаснува дека потрошувачите се подготвени да разменат голема количина на податоци за малку погодности.
Рекордна добивка
Фејсбук и покрај многубројните скандали кои му се случија минатата година сепак има рекордна добивка од 22 милијарди евра. Во меѓувреме Закерберг успеа во намерата да го поврзе целиот свет, а според постоечките податоци 46,7 % корисници на Интернет односно нешто повеќе од 23 % од светската популација користат Фејсбук.
Фејсбук треба да стане и лидер во сузбивање на манипулацијата со лажните вести, заштитата на податоци и да внимава на промените на комуникациските преференции на корисниците, вели Берноф.
Закерберг оваа година сака повеќе да се ангажира на јавните форуми за тоа како технологијата може подобро да му служи на општеството.