Анастасија Квитко стана ѕвезда на социјалните мрежи поради своите облини.
22-годишната девојка, која честопати е нарекувана „руската Ким Кардашијан“, беше обвинета дека користи Фотошоп за да ги избрише своите несовршености, а тоа се потврди откако таа беше фотографирана во реално издание на плажа.
На папараци фотографиите, Анастасија носи црни бикини, а нејзиното тело не изгледа толку беспрекорно како на нејзините фотографии на популарната социјална мрежа.
Совршено мазните облини кои се прикажани на фотографиите на Инстаграм како да го изгубија својот ,,сјај,, откако се појавија необработените фотографии.