Во овој период од годината сите се спремаат за Новогодишната Ноќ и претстојните празници, а секако и секој од нас има новогодишна желба.
Децата одвај чекаат да му ја напишат својата желба на Дедо Мраз и тој да им ја исполни.
Секако во овој период Дедо Мраз има најмногу работа.
За крајот на оваа година дедо ги праша познатите личности која е нивната новогодишна желба до Дедо Мраз.
Да видиме што одговорија внуците.
Живкица Каленикова – водителка
Желбите мои од мала не ги кажувам на глас само на Дедо Мраз, тоа останува меѓу нас, а посакувам сите да сме живи, здрави, полни со љубов, позитивна енергија и насмевки да има, да нема загадена зима, само сонце и убавини секое дете да прима!

Ирена Спировска – водителка
Да сме сите живи и здрави,на секој да му се исполнат желбите,сите да бидат среќни и весели и со оние кои ги сакаат.
Многу работа ќе има Дедо Мраз.

Татијана Стојановска – тв презентер
Здрaвје, љубoв, среќa,убaви мoменти сo семејствoтo и мнoгу успеси нa секoе пoле.
Дa ни биде гoдинaтa штo дoaѓa пoдoбрa oд претхoднaтa.
Среќнa и бериќетнa 2017.

Васил Зафирчев – актер
Мир во светот и во нас самите, зошто само од позиција на мир и спокојство човек може да создава вистински убави и добри нешта за себе и за другите.

Лила Стојановска -тв водителка
Сакам Дедо Мраз да донесе снег, многу снег со што ќе се исчисти загадениот воздух.
Сакам да им донесе здравје на сите деца, да се активира македонската естрада и конечно некој да ги засени политичарите.
А, јас оваа година да ги водам Оскарите… толку.

Александар Биљановски Дадар -стилист
Мојата желба би била следната: Да се смират бубачките во лудите глави околу нас и да подаруваме љубов и многу насмевки.

Дарко Илиевски – пејач
Иако Дедо Мраз не постои, нека ни донесе на сите овде малце мир и спокојство и насмевка на лицето.

