Покрај прогласувањето грешен победник, на синоќешните „Оскари“ се случи уште една голема грешка, која помина незабележително.
За време на сегментот „In memoriam“, во кој Академијата им оддава почит на сите филмски работници што нѐ напуштиле минатата година, беше употребена погрешна фотографија.
Додека Џенифер Анистон на сцената ги читаше имињата на починатите, на екранот течеше монтажата со фотографии од нив.
Кога требаше да се оддаде почит на австралиската дизајнерка и четирикратно номинирана Џенет Патерсон, беше прикажана фотографија од продуцентката Џен Чампан, која е жива.
Чампан за „Хафингтон пост“ изјавила дека била „уништена“ кога се видела себе на екранот, но и поради тоа што нејзината добра пријателка не го заслужила ваквиот поздрав.