Не стивнуваат шпекулациите околку разводот на Вил Смит и Џејда Пинкет.
Сите објави за разводот досега остро беа демантирани, но порталот „Радар онлајн“ пишува дека двојката, сепак, живее одвоено и тоа откако нивните деца се иселиле од нивниот дом и започнале самостоен живот.
Пријателите тврдат дека, ако одењето на брачно советувалиште не вроди со плод, двојката, сепак, ќе поднесе барање за развод и распределба на имотот, чија вредност се проценува на 270 милиони долари.