Ви се случува ли да се будите уморни, без трошка енергија во себе?
Ова е секојдневие на многумина, а е последица од стресниот начин на живот кој остава последици врз менталното и физичко здравје.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат на природен начин да си го подобрите расположението.
Избегнувајте премногу кафе. Доволно е една шолја дневно и тоа пред 10 часот предпладне.
Немојте да користите вештачки засладувачи, бидејќи тие се поврзани со лошото расположение. Целосно исфрлете го рафинираниот шеќер од употреба и заменете го со овошен шеќер.
Внесувајте повеќе протеини, добри масти и сложени јаглехидрати со секој оброк. Намалете го внесот на алкохол и пијте повеќе вода.
Доколку не ви е навика, почнете редовно да вежбате бидејќи ова е најдобриот начин природно да го подобрите расположението. Исто така ќе ви помогне да се организирате и ќе го подобри квалитетот на вашиот сон.
Почнете да внесувате повеќе витамин Б, секојдневно минувајте барем 15 минути на сонце и секое утро земајте 2-3 грама рибино масло.
И секако, смејте се почесто!