На раб на анорексија: Холивудскиот актер ослабна 22 килограми!

Новиот филм на Мартин Скорсезе, историската драма „Тишина“, во киносалите пристигнува на почетокот на 2017 година.

Станува збор за екранизација на романот на Шусаку Ендо од 1966 година. Дејството на романот е сместено во 17. век, а го следи измислениот конфликт помеѓу португалските мисионери и јапонското општество.

Адам Драјвер за улогата во филмот ослабнал дури 22 килограми за целосно да се соживее во улогата, а колку ослабнал, може да се види во трејлерот.

„Не се сеќавам дека некогаш порано сум отишол до таква крајност. Таа работа е интересна. Во еден момент сте толку гладни и изморени, а тука не можете ништо да направите. Имате само доволно енергија да го пренесете она што треба“, раскажала Адам.

Пред првата клапа изгубил 14 килограми, а во текот на снимањето уште осум и пол.

адам драјвер

Тој вели дека сето тоа имало смисла, затоа што играле језуитски свештеници во 17. век кои патувале две години, болни и изгладнети.

Адам истакнал дека режисерот го поттикнал на драстично намалување на килограмите.

Новиот филм на Скорсезе се очекува да влезе и во трка за „Оскар“.

адам драјвер