Македонското девојче, Каролина Гочева, во градот на љубовта кажа „ДА“.
Пејачката ја прифати понудата за брак од нејзиното момче Михаил Корубин со кого е повеќе од една година.
Парот моментално е во Париз каде што се случи и запросувањето.
Убавата вест Каролина ја објави на Инстаграм, а фотографијата инстантно доби илјадници лајкови и честитки.
Лесно е да се заклучи дека пејачката никогаш не била посреќна и позаљубена… честитки!