На свадба се заразиле 120 луѓе, невестата не сакала да се замара со тоа

За тоа колку луѓето имаат изгубено емпатија и се желни за остварување на своите цели во текот на новонастаната ситуација, говори и една ситуација која ни доаѓа од Балканот, поточно од Хрватска.

Имено, на 12. септември невестата и нејзиниот сопруг решиле да направат свадба и да го прослават најважниот ден во нивниот живот, односно стапувањето во брак.

Свадбата била одржана во Меџимурската жупанија во Хрватска, и како типична балканска свадба, на неа биле поканети стотици гости од потесните семејни кругови на невестата и младоженецот.

Меѓутоа, набрзо после свадбата, на гостите дефинитивно не им било до славење, имајќи во предвид дека свадбата била жариште во кое се заразиле најамлку 120 луѓе, но хрватската власти се уште трагаат за вкупниот број, како и контактите кои ги имале гостите на оваа свадба.

На прашањето што мисли невестата околу бројот на новозаболени кои биле резултат на нејзината одлука да ја одржи свадбата, таа одговорила “Не сакам да се замарам со тоа”.

Иако дел од луѓето кои коментирале за спорната свадба во Хрватска се обидоа да ја бранат невестата и нејзината одлука и покрај новонастаната ситуација да се одржи свадбата, дел од нив остро ја критикуваа одлуката на младенците.

“А што, да не треба да се набави термометар па да се мери температура на влез”, гласеше еден од коментарите под објавата за веста за несекојдневната свадба во текот на новонастаната ситуација.