Телохранители за двајцата вработени, кои ги измешаа ковертите за најдобар филм на „Оскарите“.
Брајан Калинан и Марта Руиз добиле серија од закани за убиство на социјалните мрежи по грешката со пликото и се плашат за својот живот.
На двајцата им биле назначени телохранители, откако на интернет се појавија фотографии на нивните семејства и домашните адреси.
Вчера стана јасно дека Калинан и Руиз повеќе нема да работат за престижната церемонија, но нема да бидат отпуштени.