Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во изминатиот период е мета на критичарите дека во минатото користел допинг, но Светската тениска федерација (ИТФ) тврди дека тој никогаш не конзумирал недозволени средства.
Претседателот на ИТФ, Дејвид Хегерти испрати писмо до јавноста во кое наведува дека 14-кратниот освојувач на гренд-слем турнирите е „чист“.
„ИТФ може да потврди дека Надал никогаш не паднал на допинг-тест и ниту еднаш не бил суспендиран поради кршење на антидопинг-правилата поврзани со тениската антидопинг-програма (ТАДП)“, стои во соопштението на ИТФ.
Надал поради сѐ почестите напади побара од ИТФ да ја објави целата негова документација од медицинските тестови.