Најдобри пријатели: 8-годишно момче и куче имат иста болест (фото+видео)

8-годишно момче со ретко нарушување на изгледот на кожата поминало до другата страна на Арканзас за да се запознае со кучето кое го има истиот изглед на кожата.

Момчето Картер Бланшард од Серси и кучето, Рооуди од Орегон, имаат витилиго, ретка болест со непознати причинители која прави клетките кои го содржат пигментот на кожата да се уништат.

Картер бил дијагностициран со витилиго во 2014-та година, уште додека бил во градинка.

дете и куче

„Тој беше во градинка со многу деца кога неговото лице почна брзо да се трансформира. Првите бели делови се појавија околу неговите очи. Тогаш се обидуваше да се соочи со состојбата, заедно со неговите соученици“, вели Стефани Адкок, мајката на Картер.

„Првото нешто кое ми го кажуваше кога ќе дојдев да го земам од градинка, беше дека си го мрази лицето“ – додава.

Еден ден случајно наишла на вирална сензација, кучето Роуди кое ја имало истата состојба.

дете и куче

Картер почнал секојдневно да гледа фотографии и видеа од Роуди и полесно да се соочува со својата состојба.

Наскоро се случил првиот контакт со сопственикот на кучето и Картер и Роуди брзо станале пријатели, па и вирална сензација кога случаен донатор решил да ѝ прати на мајката на Картер $5,000 за да го посетат Роуди и да се запознаат во живо.

Сега тие се најдобри пријатели.