Најдобрите намирници за појадок со кои уште утре треба да го започнете денот

Здравиот појадок мора да содржи протеини, овошје, житарки или зеленчук.

Ако редовно појадувате, помала е веројатноста дека ќе се здебелите.

Плус ќе ја поправите меморијата, ќе го намалите ризикот од дијабет тип 2 и едноставно ќе имате повеќе енергија.

Нутриционистот Френчман тврди дека ова се најздравите опции за старт на денот.
ЖИТАРКИ ИЛИ ОВЕСНА КАША

oves

Овесната каша со сушено овошје и јаткасти плодови е идеална бидејќи ни помага да го намалиме крвниот притисок и холестерол.

Влакната кои ги содржат овие оброци се многу важни бидејќи долго време не држат сити.

„Кога ќе одберете житарки за појадок, секогаш бирајте ги оние кои имаат 5 грама влакна. Исто така најдобро е да конзумирате и млеко кои има 1 посто масленост“, советуваат експертите.
ОВОШЈЕ

ovosje

Банани, јагоди, јаболки – што и да одберете сте направиле паметен избор.

Не постои нездраво овошје, ама нутриционистите препорачуваат да јадете различни врсти овошје за да комбинирате повеќе нутриенти и витамини кои тие содржат.
ОВОШЕН СОК

sok

Свежиот сок од јаболка, морков и целер е идеален избор.

Кога сакате денот да го стартувате со природен сок тогаш одлучете се за оние кои содржат 100 посто овошје, без шеќери и конзерванси.
ЈОГУРТ

jogurt

Околу 170 грама јогурт содржи иста количина протеин како еден среден оброк со месо.

Грчкиот јогурт дури содржи и поголема количина протеини и почесто се препорачува.
КАФЕ

kafe

Медицинските истражувања докажуваат дека кафето и другите пијалоци кои содржат кофеин се корисни и прифатливи за почеток на денот.

Нормално не треба да се претерува со нивната конзумација.
СМУТИ
Смутито е одличен избор бидејќи е единствен оброк во кој можеме да ставиме секакви здрави намирници.

Како база за смутито можеме да одбереме јогурт како извор на протеини, а овошјето го додаваме како извор на витамини.
ЈАЈЦА

pojadok

Јајцата навистина ни се најдобри пријатели, а едно јајце содржи 212 милиграми холестерол, а има околу 70 калории и содржи 6 грама протеини.

Денот слободно стартувајте го со омлет или јајца на око.
НАМИРНИЦИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИЗБЕГНУВАТЕ:
На оваа листа влегуваат сирењето, бисквитите, палачинките и енергетските плочки кои не се паметен избор.

Голем бројод овие намирници содржат голема количина заситени масни киселини и се многу богати со шеќер.