Правењето одредени работи во вистинско време понекогаш е еден од најчестите фактори за успех.
Марк Ди Винчензо, автор на книгата „How-to guide: Buy Shoes on Wednesday and Tweet at 4:00“, тврди дека за секоја активност постои точно одредено време кога е добро да ја правите, а со текот на годините тоа може да ви помогне да заштедите пари, да бидете поздрави и да донесете паметни одлуки во однос на кариерата.
За да ја напише оваа книга, Марк направил истражувања базирани на потрошувачките навики, трендови и распродажба. Па конечните резултати го посочуваат следново:
Доколку сакате да ослабете тоа правете го во зимскиот период бидејќи во тие неколку месеци маснотиите ги согоруваат килограмите, наместо да ги потхрануваат.
Вработените кои сакаат да напредуваат во работата, со својте надредени треба да разговараат во јануари бидејќи фискалната година завршува во декември, но исто така во јануари не се внимава на трошоците.
Освен тоа, Марк, открива дека чевли е најдобро да купувате во среда бидејќи токму тој ден продавниците имаат попусти и до 40%, а ако сте расположени за твитање тоа правете го во 16 часот. Тогаш корисниците на Твитер се најактивни.
Во теретана најдобро е да се зачлените во летните месеци, бидејќи тогаш одат помал број на луѓе, па цените за членарина се ефтини. Доколку имате проблеми со автомобилот, сервисот треба да го правите во понеделник.
Ова е вака бидејќи работниците не доцнат на првиот работен ден и голема е веројатноста многу брзо да ја завршите целата работа.
Со домашните работи најдобро е да почнете во 16 часот. Според тврдењата на психиолозите, во тој период од денот имаме највеќе енергија и сме подобро расположени, па нема да паднеме во депресија од правосмукалката.
Најдобро време да одите на лекар е во 9 наутро, особено ако станува збор за операција. Наводно, шансите да дојде до компликации со анестезија во попладневните часови се до 4 пати поголеми, а освен тоа докторите се подоморени наутро.
И значи, кој е вашиот план за денес ?