Џереми Микс кој светот го запозна како најубавиот затвореник, денес е модел, кој го живее својот живот до максимум.
Тој ужива во славата, но ужива и во друштво на славни милијардерки, па така ја изневери својата сопруга, а папараците го фатија.
Џереми моментално е со Клои Грин, ќерката на милијардерот Сер Филип Грин, сопственик на „Topshop“.
Двајцата беа фотографирани на луксузна јахта додека крстареа по Медитеранот.
Џереми и Клои разменуваа нежности и покрај тоа што „затвореникот“ е женет.