Најскапиот развод на светот: На Безос му останува поголем дел од “Амазон”

Благодарна сум што го финализирав процесот за развод на бракот со Џеф со взаемна поддршка. Се радувам на новата фаза на нашиот однос и ќе ги воспитуваме нашите деца како пријатели, рекла МекКензи.

Основачот и сопственик на “Амазон”, Џеф Безос, официјално се развел од МекКензи Безос, пишува “Page Six”. Најбогатиот човек на светот и неговата поранешна сопруга биле во брак 25 години, а притоа добиле 4 деца.

Откако го финализирале разводот, објавиле и официјално соопштение за медиумите во кое стои дека Џеф ќе ги задржи сите акции во “Washington Post” и компанијата “Blue Origin”, како и 75% од уделот во Амазон.

“Благодарна сум што го финализирав процесот за развод на бракот со Џеф со взаемна поддршка. Се радувам на новата фаза на нашиот однос и ќе ги воспитуваме нашите деца како пријатели”, објавила МекКензи на Твитер.

Богатството на Безос се проценувало на 137 милијарди долари. Амазон го основал во својата гаража во 1994-та година, а голема поддршка во текот на градењето на деловното царство му била поранешната сопруга МекКензи.

Во медиумите се шушкало дека до разводот дошло бидејќи Безос осум месец бил во врска со водителката Лорен Санчез.

“Тој со Лорен се состанувал три пати неделно, ја водел на егзотични патувања со приватен авион. Нашиот фотограф ги фати како прават валкани работи”, тврди списанието “National Enquirer”.