Најскапото вино не е ни италијанско, ниту француско: Едно шише изнeсува 35.000 евра

Најскапото вино на светот во 2019 година не е ни италијанско, ниту француско, туку е вино од Унгарија, пишува италијанската “Република”.

Дваесет шишиња од литар и пол ја сочинуваат унгарската ексклузивна колекција на кралското токајско вино Ројал Токаи “Есенција” од Унгарија, а едно шише од оваа колекција изнесува 35.000 евра.

Ова слатко вино се произведува на североистокот од Унгарија, а истото е направено од бербата од 2008 година.