Боб Вејтон, поранешен учител и инженер од јужна Англија, е роден во 1908 година.
Тој ги има преживеано епидемиите на шпанска треска, колера и сипаници и сега се наоѓа во карантин за време на коронавирусот, пренесе BBC.
Минатата година го прослави својот 111. роденден со многу пријатели во неговиот стан, но оваа година ќе биде поинаков роденден.
– Сè е откажано, нема гости, нема прослава, вели Вајтон.
Тој е татко на три деца и има 25 правнуци. Запрашан за тајната на долговечноста, тој вели:
„Никогаш немав намера да доживеам длабока старост. Кога си млад не размислуваш за тоа што ќе се случи кога ќе остариш, единствено мислиш на тоа што се случува сега и овде“.