Доналд Трамп ја нападна емисијата „Саботна вечер во живо“, велејќи дека не се смешни и дека се пристрасни.
Кратко време откако побара извинување од актерската екипа на бродвејскиот мјузикл „Хамилтон“, новоизбраниот претседател успеал да улови неколку минути на СНЛ, и покрај тоа што сите чекаат да го организира својот кабинет.
„Синоќа гледав делови од ‘Сабота вечер во живо’. Тотално еднострано, пристрасно шоу – воопшто не е смешно. Еднаква застапеност за нас?“, напиша Трамп.
Во саботата вечер Алек Болдвин продолжи да го имитира новоизбраниот претседател, во скеч во кој Болдвиновиот збунет Трамп пребарува на Гугл: „Што е ИСИС?“.
Забелешките на Трамп не поминаа незабележано: му одговори самиот Алек Болдвин преку твитер-профилот на Фондацијата Алек Болдвин.
„Еднаква застапеност? Изборите завршија. Нема повеќе еднаква застапеност. Сега ти пробуваш да бидеш претседател, а луѓето реагираат. И тоа е тоа“, напиша Болдвин на Твитер.